Огњен Амиџиќ излезе од болница: Антителата докажале дека е позитивен, по два негативни ПЦР тестови!

Instagram
Instagram

Иако два тестови за PCR покажаа дека тој е негативен во однос на коронавирусот, лекарите инсистирале Амиџиќ да направи скенирање на белите дробови, како и тест на крвта, по што дефинитивно било потврдено дека е заразен со ковид -19.

Огњен помина седум дена во болница и беше пуштен денес бидејќи сите резултати беа добри, а тестот за антитела го покажало присуството на вирусот.

Тој вели дека се чувствува добро и дека им должи голема благодарност на лекарите од КБЦ „Бежанијска коса“.

Фала му на Бога, добро сум! Бев пуштен од болницата и конечно сум дома со моето семејство. Морам да се заблагодарам на д-р Марија Здравковиќ, директорка на КБЦ „Бежаниска коса“, на д-р Марија Бранковиќ, раководител на одделот за гастроентерологија, како и на целиот персонал на одделот за гастроентерологија. Благодарност до сите што се грижеа за мене и моето здравје. Секако, благодарам на претставниците на седмата сила, моите колеги за разбирањето. Со нетрпение го очекувам новото шоу во вторник навечер, кое ќе биде спектакуларно, изјавил  Амиџиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот