Официјално: ФК Шкупи го промовираше Кире Маркоски

Фото: fcshkupi.com

Летниот преоден рок го донесе новото засилување во прволигашот од Чаир, ангажирајќи го крилото Кире Маркоски.

Поранешниот млад репрезентативец потпиша договор на една година со фудбалскиот клуб на Шкупи.

Минатата сезона ги бранеше боите на Академија Пандев постигнувајќи два голови во 11 настапи.

Во својата клупска кариера беше дел и од екипите на Работнички, АЕЛ Лимасол од Кипар и словачката Трнава.

– Најпрво сакам да им се заблагодарам на сопственикот на клубот Олгун Ајдин, спортскиот директор Омер Буњаку и тренерот Гоце Седлоски за довербата и дадената можност. За време на разговорите тие ме информираа со своите идеи за целите и амбициите на клубот. Токму желбата и амбициите на клубот за успех во домашното првенство како и на европската сцена беа причината што решив да потпишам за ФК Шкупи – вели Маркоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот