Официјално: Жоржињо од Челси се пресели во Арсенал

Арсенал му посака добредојде на Жоржињо кој одлучи од Челси да се пресели во редовите на градскиот ривал.
Според „Скај Спортс“, договорот кој вреди 12 милиони фунти е на 18 месеци со опција истиот да биде продолжен на уште една година.
Овој 31-годишен фудбалер има 143 настапи во Премиер лигата, со над 500 клупски мечеви во кариерата.
Повеќе од пет години ги брани боите на најдобрата италијанска репрезентација со која беше шампион на последното Европско првенство.
Со лондонските „сини“ успеа по еднаш да ги освои Лигата на шампионите, Лигата на Европа, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство.
За менаџерот на Арсенал, Микел Артета, Жоржињо е играч од средниот ред со интелигенција, со лидерски способности и огромно меѓународно искуство.
Welcome to The Arsenal, Jorginho 👊 pic.twitter.com/jHXqAUBKKQ
— Arsenal (@Arsenal) January 31, 2023