Официјално: Васоски е новиот тренер на Академија Пандев

Алекандар Васоски повторно на клупата на „пандевци“/фото: ФФМ

По заминувањето на Ѓорѓе Стојчев, Академија Пандев беше во потрага по нов тренер, а изборот падна на Александар Васоски кој веќе знае како е да се биде шеф на стручниот штаб на струмичкиот прволигаш.

Поранешниот македонски репрезентативец ги водеше „пандевци“ од 2020 до 2022 година кога запиша учинок од 16 победи, осум нерешени и исто толку порази во 32 официјални натпревари. Во 2021 година беше дел од финалето во Купот на Македонија.

Потоа, се пресели во Босна и Херцеговина, како стратег на Сараево, но си замина поради лошите резултати после неполни пет месеци.

Својата тренерска кариера 42-годишниот Васоски ја започна на клупата на Вардар од 2018 до 2020 година.

Академија Пандев по првите шест кола во шампионатот е на петтата позиција со седум бодови, 11 помалку заад водечката Струга. Следниот меч играчите на Васоски ќе го имаат на 11 септември на гостувањето кај Тиквеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот