Официјално: Сара Ристовска од следната сезона во Рапид Букурешт

Сара Ристовска („ЦСКА Москва“)/фото: instagram.com/whccska

Една од најдобрите македонски ракометарки Сара Ристовска одлучи својата кариера да ја продолжи во Романија, во редовите на Рапид Букурешт чии бои ќе ги брани од следната натпреварувачка сезона.

Нашето десно репрезентативно крило од 2019 година настапуваше за руската екипа на ЦСКА Москва со која освојуваше трофеи и беше меѓу најдобрите стрелци на клубот.

Ристовска во 2020 година дојде до бронзениот медал во рускиот шампионат, сребрен во рускиот Куп и финалист во Рускиот Супер Куп. Годинава дојде до пехарот во Рускиот Куп и Супер лигата.

Претходно беше дел од составот на Крим Љубљана со кој стана шампион на Словенија во 2019 година и беше победник на тамошниот Куп и Супер Куп.

Играше и за ЖРК Металург и ЖРК Вардар, со скопските „црвено-црни“ трипати беше шампион на Македонија, еднаш го освои Купот на Македонија, а во Лигата на шампионите двапати дојде до финалето во 2017 и 2018 година и „бронзена“ во 2016.

За најдобрата македонска репрезентација има 39 официјални настапи и постигна до сега 181 гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот