фото: EPA-EFE/RAYNER PENA R.

Официјално: Маскерано нов тренер на Меси и Интер Мајами

Хавиер Маскерано (40) го наследи Хиерардо Мартин и стана нов тренер на американскиот клуб Интер Мајами, потврдија од клубот од Флорида.

Ова ќе биде прва работа за Маскерано во сениорскиот фудбал, но тој добро го знае столбот на клубот од Мајами каде повторно ќе работи со Лионел Меси, Серхио Бускетс, Луис Суарез и Жорди Алба.

Маскерано дојде со мало тренерско искуство, но од раководството на клубот од Мајами велат дека бараат победник или како играч или како тренер. Поранешниот аргентински репрезентативец потпиша договор до 2027 година.

Маскерано е селектор на селекцијата на Аргентина до 20 години од 2021 година, а летово ја предводеше олимписката селекција до четвртфиналето.

Поранешниот играч на Ривер Плата, Коринтијанс, Вест Хем, Ливерпул, Барселона, Хебеи и Естудијантес беше репрезентативец од 2003 до 2018 година, со која, меѓу другото, беше и двократен олимписки победник (2004 и 2008 година) и вицешампион на светот во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот