Игор Тудор/EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Официјално: Игор Тудор нов тренер на Тотенхем

Екипата на Тотенхем денеска официјално го потврди ангажманот на Игор Тудор, кој ќе го предводи лондонскиот клуб до крајот на сезоната.

Тудор на клупата на „петлите“ доаѓа на местото на Томас Франк, кој си замина по низата лоши резултати, додека клубот моментално се наоѓа на 16. место во Премиер лигата.

„Чест ми е што доаѓам во клубот во еден толку важен момент. Свесен сум за одговорноста и мојот фокус е јасен – да донесам поголема конзистентност и подобри резултати. Верувам дека овој тим има квалитет, а моја задача ќе биде да го организирам на вистински начин“, изјави Тудор.

По разделбата со Јувентус Тудор не беше ангажиран, а во минатото работеше и во: Галатасарај, Удинезе, Верона и Марсеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот