Официјално: Герет Саутгејт веќе не е селектор на Англија
Искусниот фудбалски стручњак Герет Саутгејт повеќе не е селектор на Англија, официјално објавија од тамошната Фудбалска асоцијација (ФА).
Препорачано
Саутгејт одлучи да се повлече од клупата откако го загуби своето второ последователно финале на Европското првенство 2024.
Во текот на целото ЕУРО во Германија, Саутгејт беше на удар на критики поради слабата игра на Англичаните, особено поради индивидуалниот квалитет на тимот.
Вкупно осум години ја водеше англиската репрезентација на 102 натпревари. Истакна дека е среќен и горд што ја водел оваа репрезентација, и дека даде максимум од себе, но дека е време за ново поглавје во кариерата.
Our CEO, Mark Bullingham, has paid tribute to Gareth Southgate after he announced his decision to leave his role as manager of the @England men’s team.
— The FA (@FA) July 16, 2024
Саутгејт ја презеде селекцијата на Англија во 2016 година, а две години подоцна ја предводеше селекцијата до полуфиналето на Светското првенство во Русија, каде што беа запрени од Хрватска, а исто така ја предводеше селекцијата до две последователни финалиња на ЕП.
Наскоро би требало да се знае името на новиот англиски селектор, а како најсериозен кандидат се споменува Еди Хау од Њукасл.
Белингам за Саутгејт: Бројките не лажат, тој е нашиот најуспешен селектор од 1966 година


