Официјално: Габриел Жесус ја задолжи деветката во Арсенал

Габриел Жесус од следната сезона ќе го предводи нападот на Арсенал/фото: Arsenal.com

Габриел Жесус денеска и официјално ја задолжи опремата во Арсенал откако пред десетина дена „топчиите“ и Манчестер сити ги договорија сите детали за трансферот на бразилскиот репрезентативец.Арсенал за Жесус плати 45 милиони фунти, а напаѓачот во новиот клуб ќе го носи дресот со број девет.

– Возбуден сум. Арсенал направи одлична работа што донесе играч со реномето на Жесус. Го знам Габриел лично, а сите го познаваат по времето поминато во Премиер лигата и по постигнатите успеси. Долго време баравме играчи што ќе претставуваат големи засилувања за нас и успеавме да донесеме фудбалер кого го посакувавме и поради тоа сум многу среќен – изјави менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Артета добро ги познава квалитетите на Габриел Жесус бидејќи две години му беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот