Официјално: Филипо Инзаги се врати во Серија А

Фото: EPA-EFE/MARIO TADDEO

Eкипата на Салернитана лошо ја започна новата сезона во Серија А, па репрезентативната пауза клубот го искористи за промена на клупата.

Досегашниот тренер Пауоло Соса доби отказ, а на негово место доаѓа Филипо Инзаги.

Филипо Инзаги така се враќа во Серија А и ќе има мисија да ја спаси Салернитана од испаѓање.

„Салернитана може да потврди дека постигна договор со г-дин Филипо Инзаги и тој ќе го преземе првиот тим“, стои во краткото соопштение од тимот од Салерно.

По осум одиграни натпревари во Серија А, Салернитана се уште нема победа, со три бода од три нерешени средби е претпоследна на табелата. Во следното коло ги очекува натпревар против Каљари кој е последен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот