Официјално „Ауди“ од 2026 година во Формула 1 шампионатот

„Ауди“ во Формула 1 доаѓа како познат автомобилски бренд и технички иноватор/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Германскиот производител на автомобили „Ауди“ ќе се приклучи на шампионатот во Формула 1 од 2026 година. Извршниот директор на таа компанија, Маркус Дисман ја потврди веста во Спа Франкоршан.

– Со новите правила, добро време е да се вклучиме – рече Дисман на прес-конференција.

Како што се наведува во соопштението на ФИА, до 2026 година, погонските единици сигурно ќе имаат уште 1,6-литарски В6 мотори, но капацитетот на електромоторите ќе се зголеми, така што електричниот сегмент ќе биде поскап и тоа ќе влијае на зголемувањето на буџетот или ограничувањето на платите.

– Воодушевен сум од доаѓањето на „Ауди“ во Формула 1, познат автомобилски бренд и технички иноватор. Ова е голем момент за нашиот спорт и ја означува силата што ја имаме како глобална платформа за да продолжиме да растеме – вели директорот на Формула 1, Стефано Доменикали.

„Ауди“ го најави влезот во Формула 1 пред Големата награда на Белгија, а до крајот на годината ќе биде познато кој ќе го сочинува тимот во 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот