Официјално: Арсенал доби екстра засилување, Габриел Жесус слета на „Емирати“

Габриел Жесус/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Бразилскиот репрезентативец Габриел Жесус е нов фудбалер на Арсенал. Тоа што се навестуваше изминатите десетина дена, а во петокот двата тима Манчестер сити и Арсенал се договорија за отштетата, вечерва се реализира и Жесус пристигна на „Емирати“.

Арсенал за неговиот трансфер плати 45 милиони фунти, а Жесус ќе потпише договор до 2027 година.


Со доаѓањето на Ерлинг Халанд, на Жесус му стана јасно дека ќе мора да си оди од „Етихад“ по пет години во кои одигра 236 натпревари за „граѓаните“ на кои постигна 95 гола и имаше 46 асистенции.

Жесус имаше понуди од Тотенхем, Јувентус, се споменуваше дури и Барселона, но Арсенал беше најупорен и најконкретен и ја доби трката за бразилскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот