ОФИ за 6 години го зголеми учеството во финансискиот сектор за 4 отсто

Од Народната банка укажуваат дека според расположивите средства за финансирање и инвестирање во државава ОФИ секторот има растечка улога во финансискиот сектор и се поголемо значење во финансиското посредување.

Останатите финансиски институции (ОФИ) во кои спаѓаат инвестициските и пензиските фондови, осигурителни, брокерските и финансиските друштва во државава го зголемиле нивното учество во рамки на финансискиот сектор во изминатите шест години за четири проценти поени.

Ако во првиот квартал 2014 година располагале со 53 милијарди денари, нивното учество денес е зголемено речиси повеќе од двојно и изнесува 121,472 милијарди денари, со најголем удел на пензиските фондови и осигурителните друштва.

Од Народната банка укажуваат дека според расположивите средства за финансирање и инвестирање во државава ОФИ секторот има растечка улога во финансискиот сектор и се поголемо значење во финансиското посредување.

Во рамки на Европската унија делот на ОФИ изнесува 20 проценти, а останатите 80 проценти се на банкарскиот сектор.

– Со растот на овие средства се зголемува нивното значење за целокупната финансиска стабилност, вели гувернерот на НБРМ Анита Ангеловска – Бежовска.

Согласно последните расположливи податоци за првиот квартал од 2020 година, во државава скоро половина од средствата на ОФИ претставуваат вложувања во должнички хартии од вредност со учество од 49,7 проценти, додека вложувањата во сопственички хартии од вредност и валути и депозити учествуваат со 19,4 проценти и 16,1 процент соодветно.

Осигурителните друштва кои се втор најголем потсектор на ОФИ со 21,3 проценти учество, се со слична политиката на инвестирање, како пензиските фондови. Доминираат средствата вложени во должнички хартии од вредност (40,3 проценти учество во вкупните средства во  првите три месеци од годинава, главно во државни обврзници во странска валута, по што следуваат вложувањата во валути и депозити со 24,4 процентии останати побарувања со 17,8 проценти.

Инвестициските фондови, позначаен дел од средствата (околу 42,9 проценти во првиот квартал годинава)  ги инвестирале во валути и депозити во банките, додека преостанатите средства, речиси подеднакво (27,8 проценти и 28,6 проценти, соодветно), ги вложуваат во должнички и сопственички хартии од вредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот