Одложено годишното Собрание на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија следејќи ги заклучоците, мерките, препораките и забраните на Владата на Република Македонија поврзани со заштита и превенција од коронавирусот, како и прогласувањето на пандемија од страна на Светската здравствена организација, донесе одлука за одложување на Редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое беше закажано за 21. март 2020 година.

Јавноста и фудбалското семејство навремено ќе бидат известени за терминот за одржување на Редовното годишно Собрание кој дополнително ќе се утврди.

Имајќи го в предвид пред се здравјете на фудбалерите, гледачите и сите други фудбалски актери, Фудбалската федерација на Македонија постојано ја следи ситуацијата со коронавирусот и постапува согласно препораките на јавно – здравствените институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот