Одличните основци одговорија за „тројка“ на тестовите за упис во Гимназијата „Орце Николов“

Скопје, 16 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Во скопската гимназијата „Орце Николов“ во првиот уписен рок за слободните 252 места, конкурираа речиси 300 ученици и сите овие основци имаа идентичен совршено одличен успех и ист број на поени, поради што според Конкурсот на МОН во понеделникот мораше да полагаат тестови по македонски јазик и по математика за целата материја од шесто до деветто одделение за да се запишат во ова елетно средно училиште.

Резултатите кои излегоа доцна вечерта покажаа дека овие одлични ученици не покажаа толку добар успех и на приемните тестови.

Според објавените резултати од тестирањето на 292-ца ученици, што ги објави Телма, само 11 ученици оствариле одличен успех и на тестирањеро, односно имале повеќе од 76% од вкупно 170 бодови од тестот (130 бодови и повеќе). Само толку од нив, според критериумите за одличен би биле одлични по тестот.

Разочарувачки е што овие одлични ученици со сите петки од шесто до деветто одделение не ги освои максималните 170 бодови на тестот, туку максималниот број на освоени бодови бил 152, што пак е 90 отсто успешност.

Вкупно 40 ученици, колку што биле прекубројни на пријавувањето, добиле незадоволителни резултати на тестот односно иако во основно биле со сите петки, на тестот добиле недоволен 1. Тоа се деца кои имале под 45 бода или помалку од 26 % од бодовите на тестот.

39 ученици покажале многу добар успех на тестот според процентот за одговорени прашања на тестот, најмногу од пријавени 133-ца ученици имале резултат за оценка 3 –добар. Доволен успех или двојка добиле 70 завршени деветоодделенци.

Поразителните резултати на овие тестирања во популарната скопска гимназија „Орце“ делумно се должат на тоа што оваа генерација основци седмото одделение од март 2020 година го завршија онлајн, како и целото осмо одделение кога во наставата им беа внесени клучните нови предмети физика и хемија кои се изучуваат четири години во оваа природно-математичка гимназија, коментираат родителите.

Од друга страна, евидентна е и попустливоста и нереалното оценување од страна на наставничкиот кадар кој пак годинава, три недели штрајкуваше за повисоки плати, а по договорот на СОНК со Владата, наставата  целосно не продолжи по редовен терк, бидејќи голем дел од наставниците во основните училишта, периодот во мај го искористија за едукативна размена преку Еразмус програмата па отсуствуваа од редовната настава поради патувањата надвор од државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот