Одлични партии на репрезентативците Вајли и Димитријевиќ во шпанската „Ендеса“!

Фото: kfsm.mk

Македонските репрезентативци беа во главните улоги на дуелот во Сарагоса кој го доби Хувентуд (100:95).

Исклучително ефикасен натпревар одиграа екипите на Касадемонт Сарагоса и Хувентуд во рамките од 25 коло од шпанската „Ендеса“ лигата. Дуел на кој победата ја однесоа гостите од Бадалона.

Особено интересен, доколку се знае дека на едната страна, во домашната екипа играше Џејкоб Вајли, додека пак на другата, во екипата на Хувентуд играше неговиот репрезентативен колега, Ненад Димитријевиќ.

Новиот играч на тимот од Сарагоса, Вајли го одигра третиот меч во новиот дрес, истиот го заокружи со „дабл-дабл“ ефект од 21 поен (9/16 во шутот од поле, 3/4 од линијата за слободни фрлања), плус и 10 скока и една асистенција за 26:29 минути на паркетот.

На спротивната страна Димитријевиќ дојде до скор од 19 поени (2/3 за три, 6/9 за два и 1/2 за еден поен), пет асистенции и еден скок за 25:25 минути во игра.

Меч по кој Хувентуд има скор од 13-10, доволен за седмото место на табелата, додека пак Сарагоса е со учинок 10-14 за моментно 11 место во генералниот пласман во шампионатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот