Одговорот на Кремљ: Дали коронавирусот е вештачки или природно создаден?

Фото: МИА

Кремљ смета дека е недозволиво да се објавуваат неосновани обвиненија дека било кој е одговорен за вештачко лансирање на вирусот Ковид-19.

Тоа го изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Без научни докази и проверени информации, да се пласираат неосновани обвиненија дека некој е одговорен, е едноставно недозволиво“, истакна портпаролот.

Според зборовите на портпаролот на Кремљ, моментално не постојат доволно докази за било кој да се обвини дека е одговорен за појавувањето на коронавирусот.

„Цело време слушаме поединечни експерти кои тврдат дека вирусот е вештачки создаден, а потоа уште два дека е природен. Без адекватни докази, ниту едните, ниту другите не се во право“, додаде тој.

Песков исто така рекол дека сите медиуми кои го прават тоа во денешните комплицирани времиња, едноставно го уништуваат сопствениот имиџ.

„Негативно се однесуваме спрема лажните информации, без разлика дали станува збор за Сирија или коронавирусот“, нагласи портпаролот.

Како што кружат прашања околу потеклото на пандемијата, бројни контроверзии се истакнаа, а неколку водечки американски медиуми оваа недела се занимаваа со темата дека вирусот можеби излегол од лабораторијата за вирологија во Вухан. Прочитајте подетално тука.

ПРОЧИТАЈТЕ:

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на 
Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

Научници влегоа во трага на коронавирусот: Не потекнува од Вухан, ниту од лабораторијата

Научникот кој работи на вакцина за коронавирус предупредува дека нè 
очекуваат нови бранови на пандемијата

Исповед на докторката од Вухан која го откри коронавирусот: Се започна откако во болницата дојде едно семејство (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот