Јапонски научници тврдат: Кога сте опкружени со дрвја се полните со енергија и се подмладувате!

Прошетката во шума за луѓе кои се презаситени од урбаниот начин на живот може да биде многу пријатна за здравјето.

Ова е потврдено од современото истражување на кое работеле јапонски научници кои велат дека „капењето“ во шумскиот воздух („forest bathing trips“) е навистина лековито, а се однесува на одењето во шума заради релаксација и рекреација.

„Фитонцидите се молекули кои ги испуштаат шумските дрвја, тие го намалуваат производството на стрес што ја зголемува активноста на клетките кои се борат против рак. Областа на проучување на ефектите на фитонцидите денес се нарекува дендротерапија или третман на шумско лечење, чиј застапник е рускиот научник и енергетски терапевт Михаил Семионович Виноградов“, објаснува д-р Јелица Попиќ, психотерапевт и директор на веленс академијата Ловран.

За ова постојат записи дека уште во претхристијанско време, се верувало дека девојчињата требало да одат во шумите со бреза за да соберат позитивна енергија и да се омажат среќно. Бремените жени секогаш седеле под липа, а ранетите војници биле ставани под дабово дрво за да добијат сила и да ги лекуваат раните. 

Видарите (познати како луѓе што лекуваат со народски лекови) препорачуваат не само да се седи покрај дрвја, туку да се применува и качување по дрвјата со цел да се преземе моќта на дрвото што е можно повеќе.

Дрвјата можат навистина да ја зајакнат, излечат и хранат нашата енергија. Најдобри дрвја за ова се даб, бреза, бор, багрем, јавор, а речиси иста вредност имаат и дрвјата како јаболко и слива. Вдишувањето на есенцијални масла од овие дрвја позитивно влијае на човекот.

„Правилата за комуникација со дрвото што дава лековита енергија се многу природни и едноставни. Застанете свртени кон дрвото на растојание од 40 до 60 сантиметри, затворете ги очите и опуштете се. Концентрирајте се на примање на неговата енергија, вдишување на мирисиот што го испушта самото дрво и замислете како вашето тело полека се полни со топлина и релаксација. Во исто време, започнете да правите вежби за дишење, кои ќе помогнат да се дистрибуира добиената енергија низ целото тело“, објаснува д-р Попиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот