Одбојка во Токио: Аргентинците преку јужноамериканското дерби до бронзата

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Машката одбојкарска репрезентација на Аргентина го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Токио откако во спектакуларен натпревар го победи Бразил со 3:2 во сетови и тоа со (25:23,20:25,20:25,25:17,15:13).

И двете репрезентации играа променливо, Аргентина по голема борба го доби првиот сет со 25:20, но во наредните два сета доминираа „кариоките“ кои славеа со идентични 20:25.
Клучен момент на јужноамериканското дерби беше четвртиот сет во кој Аргентинците се „разбудија“ и славеа со 25:17 по што победникот мораше да биде одлучен во решавачкиот петти сет.

Во него подобро започнаа Аргентинците и поведоа со 7:3 и 8:4 и изгледаше дека лесно ќе дојдат до победата. Но, „кариоките“ успеаја да се вратат и да израмнат на 12:12, но немаа сили за целосен пресврт по што сетот и припадна на Аргентина со 15:13.

Најзаслужни за победата на Аргентина беа Факундо Конте со 22, Аугустин Лосер со 14, Бруно Лима и Езекиел Паласиос со 13 освоени поени. Кај Бразил најдобри беа Валас де Соуса со 17 и Лукас Саткамп со 14 освоени поени.

Во големото финале кое ќе се игра денеска од 14.15 часот, за златниот медал ќе се борат Русија односно Рускиот олимписки комитет и Франција.

Видео на денот