Од полноќ нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за еден денар, додека за половина денар се намалува цената на дизелот.

Според новата пресметка Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 69,5 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 за 71,5 денар за литар.

Додека еден литар дизел Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 61,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денар за литар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот