Од коронавирус почина хрватската тренерска легенда Ото Бариќ

Фото: twitter.com/pilkabalkany

Денеска на 87-годишна возраст почина легендарниот хрватски тренер Ото Бариќ како последица предизвикана од коронавирусот. Иако се чувствувал добро, ситуацијата се влошила во последните неколку дена.

„Хер Ото“ беше роден на 19 јуни 1933 година, а најголемите успеси ги имаше во Австрија. Со Рапид од Виена освои три шампионски титули, а во 1985 година играше финале во тогашниот Куп на куп победници.

Подоцна со Салцбург освои два трофеи во австриската Бундеслига и играше за трофејот во тогашниот Куп на УЕФА (сегашна Лига Европа) во 1994 година.

На клупата на хрватската сениорска репрезентација седна во 2002 година и истата ја водеше на Европското првенство во 2004 година во Португалија.

Тогаш „коцкестите“ освоија само два бода во групата со Франција, Англија и Швајцарија, па учеството го завршија на третото место. Севкупно со Хрватска запиша 11 победи, осум нерешени и пет порази.

Тренерската кариеар ја заврши во 2007 година како селектор на Албанија. Го водеше и Динамо Загреб во сезоните 1979/1980 и 1996/1997.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот