Од која возраст може да ги вклучиме децата во домашните активности и во кои активности

Фото: Профимедиа

Доверувањето на децата на едноставни домашни работи ги прави поодговорни, понезависни и самоуверени. На децата треба да им доверуваме домашни задачи бидејќи на тој начин детето се чувствува корисно и почитувано во семејството. Со вклучувањето на детето во домашните активности ја зајакнуваме неговата самодоверба, како и неговиот карактер. Но, во што можеме да ги вклучиме дечињата и кога?

На 2 – 3 годишна возраст

Дури и од многу мали, децата можат да помогнат дома. На 2-3-годишна возраст, сигурно не можеме да го натераме детенцето да извршува сложени домашни работи, но можеме да започнеме со наједноставни активности, како на пример: собирање играчки, помагање во чистење на течности или храна што е падната на земја, ставање на валкана облека во корпа.

На 4-5 годишна возраст

На оваа возраст децата можат да извршат нешто посложени активности како што се чистење на терпезариската маса после ручекот / вечерата, местење на креветот, миење садови.

На 6-7 годишна возраст

На оваа возраст, децата развиваат рачни вештини и ја зајакнуваат желбата за автономија. Во оваа фаза на нивниот раст можеме да им понудиме да нѝ помогнат околу лупење на кратавицата или морковите, да ја здиплат постелината или алиштата, да го отстранат коровот од градината.

На 8-9 годишна возраст

Сега списокот на работи што можат да ги направат станува подолг затоа што тие се многу понезависни. Така, нема да биде тешко да ги натерате да ја исчистат својата соба, на пример, со правосмукалка, да го соберат и фрлат ѓубрето, да ја испразнат или да ја наполнат машината за миење садови, како и машината за перење алишта, да ги наредат намирниците во фрижидерот.

На 10-11 годишна возраст

На возраст од 10-11 години, децата почнуваат да стекнуваат чувство на одговорност и можат да се вклучат во активности како што се чистење на бања или кујна, чистење на подот или вклучување во подготовката на ручекот, се разбира, под надзор на возрасни.

Фото: Профимедиа

Од 12 години

На оваа возраст, децата се многу поодговорни, па време е да започнат да помагаат во некои работи со поголема одговорност и автономија. Соодветните задачи за оваа возрасна група се грижата за помладиот брат/сестра, сами да се капат и сами да ги измијат садовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот