Од јули годинава и автомобилите ќе имаат „црна кутија“

автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Популарно познати како „црни кутии“, снимачите на летови се задолжителни за авионите од крајот на 1960-тите, а од јули годинава истото ќе важи и за сите нови автомобили што се продаваат во Европската унија.

Иако се нарекуваат „црни кутии“, овие уреди не се црни, туку обично се портокалови за полесно да се најдат во случај на несреќа. Уредите ќе треба да бидат дел од сите новорегистрирани автомобили во Европската унија и во стандардна опрема. Станува збор за уред наречен Ивент Дата Рикордер, кој ќе биде задолжителен за сите патнички автомобили кои припаѓаат на класата M1, во кои покрај возачкото седиште има и до осум патнички места. Исто така, со ЕДР ќе бидат опремени и комерцијалните возила од класата Н1, вклучувајќи пик-ап и комбиња чија маса не надминува 3.500 килограми. Сообраќајните незгоди имаат и финансиски последици за луѓето вклучени во нив, а ЕДР ќе и помогне на полицијата да утврди што точно се случило по анализата на податоците за ЕДР.

Уредот ќе снима одредени параметри за краток временски период, пет секунди пред и 0,3 секунди по ударот. Според документацијата на Европската комисија, ЕДР снима и складира податоци за брзината на автомобилот, сопирањето, положбата и потпирањето на патот, како и за тоа како реагираат безбедносните системи. Дополнително, анализира дали е активиран системот за итни повици. Познато е дека системот eКол стана задолжителен во ЕУ од април 2018 година, информира Каматица. Овој систем е вграден во контролната единица на воздушните перничиња и не може да се исклучи. Се активира автоматски кога ќе се активираат затегнувачите на безбедносните ремени и воздушните перничиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот