Од едно пиле направете два специјалитета: Супа со кнедли и салата со сусам

Фото: Pxhere

Домаќинките отсекогаш се труделе да бидат економични кога се во прашање рецептите. Тие се способни да направат и по неколку јадења од една намирница. Затоа денес ви носиме практични совети како од едно пиле да направите два специјалитети што можете да ги послужите во која било пригода.
Бидете економични и подгответе два вкусни рецепти од само едно пилешко.
Свежото пилешко добро измијте го и оставете го добро да се свари додека не почне да паѓа од коските.

Потоа исечкајте го целото месо и зачувајте ја водата. Половина од водата искористете за да направите домашна супа со кнедли.

За супата со кнедли, пропржете ги кромидот, целерот и морковот, додајте го месото и налијте со вода. Зачинете и направете кнедли за кои ви треба едно јајце и гриз. Во чинија искршете едно јајце, па добро изматете го со вилушка. Постепено додавајте гриз и мешајте со виљушка за да не се направат грутчиња. Во зависност од големината на јајцето, потребно ви е гриз онолку за да ви биде густа смесата како за палачинки.

Задолжително оставете околу 5 минути да отстои. Тогаш ќе видите дали смесата е навистина со добра густина, бидејќи само така гризот ќе набабри и ќе ја добие вистинската густина. Извадете ги кнедлите со лажица и спуштете ги во зовриената супа. Најпрво потопете ја лажицата со која ги ставате кнедлите во зовриената супа за смесата да не се лепи за неа. Ако ви се случи првата кнедла да се распадне, додајте уште малку гриз во смесата. Супата гответе ја додека кнедлите не омекнат.

За пилешката салата со сусам, во сад измешајте го исечканото пилешко, павлаката, мајонезот и препечениот сусам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот