Од Барселона, преку Јапонија, сега Бабунски во Романија! (ФОТО)

twitter.com/MacedonianFoot

Нашиот фудбалери досега настапуваше за јапонската екипа на Омија Ардија, а сега одлучи во вториот дел од сезоната да се врати на европско тло.

Македонскиот интернационалец ја продолжува кариерата во романскиот фудбалски прволигаш Ботошани. Потпиша договор на една и пол година.

Давид Бабунски (25) веќе се промовираше во новиот дрес, овој клуб настапува во најсилната романска лига и во следниот период ќе се бори за шампионската титула.


Во оваа екипа веќе настапува еден наш играч, станува збор за фудбалерот од средниот ред, Стефан Ашковски.

Беше дел од Б тимот на Барселона, во 2016 година се пресели во Црвена звезда каде што имаше 11 мечеви, а од 2017 досега беше дел од две јапонски екипи, Јокохама Ф. Маринос (25 мечеви, три погодоци) и Омија Ардија (33 натпревари, четири голови).

Бабунски има досега девет настапи за најдобрата македонска репрезентација, а воедно настапуваше на Европско првенство со У21 селекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот