Очајнички обид за спас! Амбер Херд го отпушти ПР-тимот, но бројот на потписи на петицијата против неа вртоглаво расте

Амбер Херд
Амбер Херд / Фото: EPA-EFE

Амбер Херд го отпушти својот тим за односи со јавноста откако психолог на судењето рече дека актерката страда од две нарушувања на личноста. Во исто време, петицијата започната со цел да се отстрани актерката од филмот „Аквамен 2“ веќе има три милиони потписи. Петицијата очигледно вроди со плод, бидејќи продуцентите одлучија Амбер во „Аквамен 2“ да се појави помалку од 10 минути.

Амбер Херд го отпушти својот тим за односи со јавноста и премина во нова компанија откако поротниците во судењето за клевета помеѓу неа и поранешниот сопруг Џони Деп слушнаа дека ѝ биле дијагностицирани две нарушувања на личноста, открива „Дејли мејл“.

амбер херд
Поранешните сопружници Амбер и Џони / Фото: EPA-EFE

Триесет и шест годишната актерка наводно ја прекинала соработката со нејзините портпароли воочи судењето оваа недела. Според „Дејли мејл“, Амбер одлучила да вработи нов ПР-тим откако Шенон Кари, клинички и форензички психолог која сведочеше во корист на Џони Деп, откри дека има гранично нарушување на личноста и хистрионско нарушување на личноста.

Овие две состојби се карактеризираат со нестабилност во односите и прекумерна драма, манипулативност и опседнатост со сопствената слика. Меѓу другото, д-р Кари изјавила дека луѓето со овие нарушувања можат да прибегнуваат кон многу екстремни однесувања додека очајно се обидуваат да спречат некој близок да ги остави. Експерт за комуникации кој го следеше судењето изјави за „Дејли мејл“: „Како што разбирам, сведочењето на д-р Кари беше последната капка што ја прели чашата. Тимот на Дип се обидува да ја прикаже Амбер луда. Тоа беше премногу за неа и таа го отпушти својот тим за односи со јавноста“.

Амбер Херд
Амбер Херд со нејзиниот адвокатски тим / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Се наведува дека Амбер ја отфрлила својата досегашна ПР-фирма, „Precision Strategies“, во корист на консултантската компанија „Shane Communications“ со седиште во Лос Анџелес. Таа го направила овој потег со надеж дека оваа недела ќе се претстави во подобро светло, а се очекува и нејзиното сведочење.

Извор близок до актерката наведува дека „актерката не сака лоши наслови“ и дека е „фрустрирана бидејќи нејзината приказна не е ефикасно раскажана“.

Откако минатата недела го слушнаа сведочењето на Деп, армија обожаватели го бранеа актерот, па дури и покренаа петиција со барање поранешната сопруга на Деп да биде избркана од претстојниот филм за суперхерои, „Аквамен 2“, а веќе се собрани три милиони потписи. Петиција на поддржувачите на актерот ги моли директорите на DC и Warner Bros да ја исфрлат актерката од продолжението на филмот по шокантните наводи за семејно насилство кои се појавија на суд во последните неколку недели.

Инаку, Амбер ја играше Меру во оригиналниот филм од 2018 година заедно со Џејсон Момоа и Никол Кидман. Сега, фановите на Деп бараат актерката да биде исфрлена од „Аквамен 2“, кој треба да биде објавен следниот март. Имено, иницијаторите на петицијата сметаат дека Амбер треба да ја доживее истата судбина како Деп кога „Дизни“ го отстрани од улогата на капетанот Џек Спароу во шестиот дел од „Пиратите од Карибите“, откако Амбер го обвини за семејно насилство.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Амбер Херд ќе глуми во Аквамен 2, но помалку од 10 минути

Адвокатот на Џони Деп: Амбер бараше бесплатно да живее во неговите станови

Завршните зборови на Џони Деп: Бев жртва на семејно насилство

ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот