Амбер Херд ќе глуми во Аквамен 2, но помалку од 10 минути

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Амбер Херд ќе глуми помалку од 10 минути во Аквамен 2. Одлуката ја донеле продуцентите откако беше покрената петиција таа да се исфрли од актерската екипа, објави филмската критичарка Грејс Рендолф.

Петицијата ја потпишаа повеќе од два милиони луѓе. Таа во првиот дел ја играше принцезата Мера. Џин Ларсон, која ја покрена петицијата, рече дека Амбер е насилник и дека откажувањето на нејзиното појавување во Аквамен 2 ќе спречи нејзиното „злоставување да се глорифицира“.

Да се потсетиме, актерката беше тужена за клевета од нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, а оваа недела тој на суд изјави дека бил шокиран кога слушнал за обидот да се откаже неговото учество на снимањето на петтото продолжение на „Пиратите од Карибите“ откако Хард во една статија за „The Washington Post“, во која таа директно не го именуваше, изјави дека била жртва на злоупотреба.

„Деп изјави дека таа двапати го удрила во главата и го гаѓала со шише од вотка, по што тој го изгубил горниот дел од прстот. Овие лузни тој ќе ги има засекогаш. Исто така, Херд во 2009 година била уапсен поради злоупотреба на нејзината поранешна партнерка Таси Ван Ри“, изјави Ларсон.

Таа додаде дека и мажите можат да бидат жртви на семејно злоставување и смета дека овој проблем мора сериозно да се сфати и дека треба да се преземат мерки за да се спречи насилниците да продолжат да бидат во шоубизнисот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот