Два милиони луѓе бараат Амбер Хард да се отстрани од Аквамен 2

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Петицијата со која се бара Амбер Хард да се отстрани од филмот Аквамен 2 собра повеќе од два милиони потписи.

„Мажите се жртви на семејно насилство, исто како и жените. Тоа мора да се препознае и мора да се преземат мерки за да се спречи славењето на познатата злоставувачка во индустријата на забавата“, стои во описот на петицијата. „Направете ја вистинската работа. Отстранете ја Амбер Хард од Аквамен 2“, гласи заклучокот.

Петицијата беше покрената уште во 2019 година, а сега повторно стана актуелна во средина на судската битка меѓу Амбер и Џони Деп. Многумина веќе како замена ја предлагаат Емилија Кларк.

Амбер во филмот би требало да го игра ликот на Мера. Второто продолжение на Аквамен, под полниот наслов „Aquaman and the Lost Kingdom“, би требало да излезе во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот