Обвинети за непостапување според здравствените прописи во Прилеп и во Крушево

Фото Архива на СП

Основното јавно обвинителство Прилеп  до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против 11 лица, а до Основниот суд Крушево поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица, сите за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите во Прилеп или Крушево го прекршиле полицискиот час, па обвинителството за секого од нив во надлежните судови, предложи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот