Обрнете внимание: Промена на стапалата може да укаже дека нешто не е во ред со вашето срце

Фото: Профимедиа

Лекарите предупредија дека промена на стапалата може да биде знак дека имате срцева слабост (инсуфициенција), поради што би требало што побрзо да се обратите кај лекар.

Срцето е витален орган одговорен за пумпање крв, па затоа е важно да е целосно исправно, бидејќи последиците можат да бидат фатални. Кардиоваскуларните болести се меѓу најголемите убијци во светот, а според податоците Британската фондација за срце, повеќе од еден милион луѓе во Велика Британија живеат со срцева слабост.

Националната здравствена служба секојдневно едуцира за симптомите на срцеви болести, вклучително и болка во градите. Меѓутоа, постојат многу други помалку познати знаци кои, ако сме свесни, можат да ни го спасат животот, вклучувајќи ги отечените стапала.

Професорот Дејвид Њуби, од Британската фондација за срце на Универзитетот во Единбург, истакнува дека треба да посветиме посебно внимание на зглобовите.

„Промените во стапалата не треба да се игнорираат, особено ако зглобовите станат значително отечени, бидејќи тоа може да биде знак за срцева инсуфициенција“, вели Њуби.

Тој, исто така, истакнува дека многу често има многу други причини, како што се лековите за крвен притисок. Меѓутоа, важно е да се знае дека оток може да се појави и на другите делови од телото, што исто така може да предупреди за срцева слабост.

Така, хроничната срцева слабост исто така може да предизвика оток во пределот на стомакот. Оваа состојба може да предизвика и таложење на течност во белите дробови, познат како белодробрен едем и може да доведе до отежнато дишење (краток здив).

Како што објаснува професорот Њуби, отечените делови од телото може да бидат предизвикани од предолго седење, јадење големи количини солена храна, предменструален синдром или бременост. Покрај тоа, тоа е исто така несакан ефект на лекови за крвен притисок, НСАИЛ, стероиди и дијабетес.

Затоа, најдобро би било да проверите за други симптоми на срцеви заболувања, како што се: болка во градите, потење, болки во рацете, нозете, вилицата или грбот, потење, болки во стомакот, чувство на гушење, екстремен замор и неправилно работење на срцето.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот