Обложувалниците имаат фаворит на ЕП, Шпанија и Германија ни во Топ 4!

фото:твитер

Веднаш после извршувањето на ждрепката за групите на Европското првенство 2020 година, светските обложувалници ги објавија квотите на фаворите за освојување на титулата.

Помалку една чудна и интересна ситуација, барем во поновата фудбалска историја, Англија според „букмејкерите“ е прв фаворит за освојување на европскиот трон.

Англичаните никогаш не вкусиле европска титула, па можеби сега е нивната најголема шанса, токму на „Вембли“ стадионот во Лондон каде што и ќе се игра големото финале на еврошампионатот, да го остварат сонот на 12 јули 2020 година.

Втор фаворит е Франција, иако е актуелен вицешампион на Европа, воедно светскиот првак е во „групата на смртта“ со Германија и Португалија.

На третата позиција е Белгија, следуваат Холанѓаните кои се враќаат на голема врата, а изненадувачки веднаш зад нив се Шпанците и Германците.

Италија која како „брз воз“ ги помина квалификациите има квота 12, потоа европскиот шампион Португалија 20, а Хрватска светскиот вицешампион 21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот