Објавени фотографии од Борисов во спална соба: Пиштол и банкноти од 500 евра до него! (ФОТО+ВИДЕО)

Тој вели дека не може да знае дали фотографиите се реални бидејќи ако се, тогаш се направени додека спие. Затоа, изјави дека ќе чека да потврди вештачењето.

Фотографија од премиерот на Бугарија, Бојко Борисов како спие гол во спална соба покриен со прекривка, предизвикаа огромно внимание, а Борисов ги обвини противниците дека го напаѓаат со компромитирачки материјали за да го спречат во две важни цели кој треба да се постигнат во јули – влез на Бугарија во банкарската унија и во еврозоната. На фотографиите се гледа и наткасна до него, на која стојат пиштол и банкноти од 500 евра.

Премиерот Бојко Борисов додека спие/ Фото: Принтскрин Афера.бг

-Човек има свој личен простор. Како може да дојдат да ме снимаат? Можеле да ме снимаат и како ‘рчам, ако го правам тоа воопшто. Од каде да знам дали го правам. А, ако се откриев?… Ова ли е демократијата која ја сакавме? Немам ли право да си легнам, да си спијам, а и слатко си спиев, изјавил Борисов.

Тој вели дека не може да знае дали фотографиите се реални бидејќи ако се, тогаш се направени додека спие. Затоа, изјави дека ќе чека да потврди вештачењето.

Наткасна до Борисов на која има пиштол и банкноти од 500 евра/ Фото: Принтскрин Афера.бг

„Јас сум слободна личност, водам нормален живот. Целта е да нè уништат ментално, а потоа и да не нападнат физички. Загрижен сум затоа што кога спијам, сум беспомошен, рекол Борисов

Тој директно го обвини претседателот Румен Радев дека го следи со дрон кој го добил од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот