Објавена трилогија „Македонски безбедносни лавиринти”

„Македонски безбедносни лавиринти” е насловена трилогијата на новинарот и публицист, Свето Стаменов и универзитетскиот професор и прв министер за одбрана од независноста на земјава, Трајан Гоцевски, во која на вкупно 1.200 страници се објавени 49 интервјуа емитувани на на Македонското радио – Радио Скопје од 2006 до 2018 година.

Првата е всушност, реиздание на книгата што под ист наслов беше објавена во 2015 година, содржи 22 интервјуа реализирани од 2006 до 2014 година. Тие се однесуваат на времето на осамостојувањето и прогласувањето на независноста на нашава земја и  предизвиците и премрежињата пред кои беше исправена младата македонска самостојна држава.

Втората книга од „Македонски безбедносни лавиринти” содржи 15 интервјуа од 2015 и 2016 година, кои тематски се однесуваат на клучните процеси во тие две години, како и на историското значење на одредени датуми од македонската подалечна и поблиска историја.

Третата книга содржи 12 интервјуа од 2017 и 2018 година, кои во најголем дел им се посветени на анализите на македонските перспективи за членство во НАТО, со акцентот на можностите за забрзување на економскиот развој на Македонија во рамките на евроатлантските интеграции. Оваа книга содржи и три интерјуа посветени на одбележувањето на 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија, како и на реформите во безбедносниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот