Објавен протоколот за аеродромите: Нема веќе испраќања и дочеци

На скопскиот и на охридскиот аеродром веќе нема да може роднини и пријатели да ги испраќаат и да ги дочекуват гостите.

Ова е дел од протоколот по кој ќе работат аеродромите по нивното отворање на 1 јули.

Од ТАВ информираат дека сите патници на аеродромот треба да пристигнат најмалку 3 часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот, да ги дезинфицираат обувките и рацете на самиот влез во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание. На патниците ќе им биде мерена и температура со термална камера, а насекаде ќе бидат поставени средства за дизинфекција.

Во врска со распоредот на летање, од ТАВ велат дека тој не зависи само од Одлуката на Владата за реотворање на аеродромот за патнички летови, туку и од одлуките на авиокомпаниите, како и земјите до чии дестинации се леташе од меѓународниот аеродром „Скопје“ и од охридксиот аеродромот „Свети Апостол Павле“пред коронавирус-кризата,  па оттаму ги упатуваат сите патници да ги следат веб-страниците на двата аеродроми.

Но, како што неофицијално дознаваме, уште на првиот ден ќе има лет од страна на  „Визер“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот