Објавен извештајот за „партигејт”

Борис Џонсон во британскиот парламент/ Фото AFP / AFP / Profimedia

Во Велика Британија денеска беше објавен извештај за забавите на Даунинг стрит за време на забраната за собири, во кој се наведува дека одговорноста за културата на однесување што доведе до прекршување на правилата во кабинетот на премиерот Борис Џонсон мора да ја сносат тие што имаат највисоката функција.

Во долгоочекуваниот извештај на високата државна истражителка Сју Греј за така наречениот скандал „партигејт” се наведува дека културата што ги овозможила настаните што се случиле „никогаш не смее да се повтори”.

Пред сè, високото раководство, и политичарите и функционерите, мора да одговараат за оваа култура, се наведува во извештајот од 37 страници.

Греј истражуваше 16 митинзи на кои присуствуваше премиерот Џонсон и неговиот персонал во 2020 и во 2021 година, додека на луѓето во Обединетото Кралство им беа забранети социјални контакти во согласност со рестриктивните мерки воведени од конзервативната Влада.

Таа додаде дека се забележани „неуспеси на раководството и во процените”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот