Нутриционистите предупредуваат: Избегнувајте спанаќ вон сезона и не го комбинирајте со јајца

Profimedia
Фото: Профимедиа

Иако во текот на целата година можеме да ги најдеме скоро сите видови зеленчук, некои би требало да се избегнуваат надвор од сезоната.

Ова особено се однесува на спанаќот од оранжериите, кој е нутритивно осиромашен, а содржи згоелемена количина хемикалии неопходни за одгледување, предупредуваат нутриционистите.

Поради тоа, во есен и во зима не го консумирајте во голема мера, иако важи за „крал на зеленчукот“. Во неговото „кралство“ богато со витамини и минерали, треба да се „влезе“ напролет.

Спанаќот е нискокалорична намирница која може да се јаде во неограничени количини. Единствено поради присуството на оксалната киселина не смеат да го користат луѓето кои имаат проблеми со бубрезите.

Најдобро е да не го подготвувате на млеко и да не го комбинирате со млечни производи, а никако со јајца, бидејќи јајцето ја отежнува ресорпцијата на железото од спанаќот. Млечните производи општо, не дозволуваат железото да се апсорбира во организмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот