НУК го прогласи ресторанот „Дукат“ за прва „ковид-19 безбедна зона“

Ресторанот „Дукат“ од Скопје е првиот македонски ресторан кој покрај спроведувањето на сите национални и глобални препораки и протоколи за работа на угостителски објекти, воведе и дополнителна заштита на своите гости со прочистувач на воздухот HEALTHPROTECT од производителот Blueair кој целосно го елиминира вирусот ковид-19 поради што го доби првиот златен сертификат кој гарантира дека е „ковид-19 безбедна зона“, соопшти Независната угостителска комора. (НУК).

НУК пред еден месец ја промовираше кампањата „Чисто и безбедно“, наменета за сите видови угостителски објекти. Изминатиот период поголем дел од нејзините членки ги верификуваа своите угостителски објекти како потврда дека во целост ги исполнуваат и спроведуваат важечките протоколи за работа.

„На овој начин, преку сертифицирање, укажуваме дека угостителските објекти кои се стекнале со правото на користење на овој национален сертификат не само што ги подигнале на највисоко ниво стандардите за заштита и грижа на здравјето на своите вработени, како и грижата за здравјето на своите гости спроведувајќи ги глобалните и националните протоколи за работа туку со користење на дополнителни уреди – прочистувачи на воздух со кои гостите можат да дишат слободно и да се чуствуваат безбедно како по дома максимално ги минимализирале можностите и начините на ширење на вирусот КОВИД-19 во своите угостителски објекти“, наведува НУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот