Њујоршката берза ги отвара вратите по два месеци: Тргувањето сега ќе биде значително променето

Берзата на Вол Стрит, е со традиција долга 228 години, а последен пат своите врати ги затвори на 29. октомври 2012 година поради ураганот Сенди, а исто така беше затворена четири дена по терористичките напади од 11. септември 2001 година.

По двомесечното затворање поради епидемијата од корона вирусот, њујоршката берза за денеска најави дека ќе ги отвори вратите и ќе почне со работа.

Тргувањето сега најверојатно ќе биде значително променето бидејќи на сила стапуваат нови правила, пренесува „Би Би Си“.

Њујоршката берза е една од ретките во светот која и натаму овозможува тргување во физички простор, имајќи предвид дека најголем дел од останатите преминаа на електронски тргување.

Според новите правила на Вол Стрит, само на една четвртина од вообичаениот број на брокери ќе им биде дозволено да се вратат на работните места, при што ќе мора да избегнуваат јавен превоз, да носат маски и да ги почитуваат строгите правила и прописи за одржување социјално дистанцирање.

При влез во зградата ќе им биде измерена температура, а на секој кој нема да ги исполни бараните резултати ќе му бите забранет влез во објектот додека не се потврди дека е негативен на корона вирусот или дека применил самоизолација во согласност со упатствата на владата на САД.

За да може да се вратат на своите работни места, брокерите исто така, ќе мора да потпишат изјава од одрекување одговорност, според која нема да може да ја тужат Њујоршката берза доколку се заразат за време на трговските активности.

Берзата затвори на 23. март, а тргувањето привремено е преместено на потполно електронско тргување како мерка на претпазливост за заштита на вработените. Берзата на Вол Стрит, е со традиција долга 228 години, а последен пат своите врати ги затвори на 29. октомври 2012 година поради ураганот Сенди, а исто така беше затворена четири дена по терористичките напади од 11. септември 2001 година, потсетува „Би Би Си“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот