НП Шар Планина: Шара не е стадион, ратраците кои ја уништија тревата и пасиштата не можат за една година да се обноват

Шара девастирана/Фото: Слободен печат

Големи се штетите кои ги направија Тур операторите кои изминативе неколку години со ратраци превезуваа претежно странски туристи на шарпланинското подрачје, велат од НП Шар Планина.

Уништени се пасишта и ливади, и таквата штета не може така лесно да се надомести, а тоа ни го укажаа и експертите.

„Си имаат направено штета, секако откако ќе се стопи снегот експертите ќе излезат и ќе направат проценки на тие штети и обвинителството и судот ќе оцени колкава е таа штета. Надомест ќе се побара, но тоа не е лесно оти вчера експертите ни кажаа дека треба неколку години да се обнови уништената трева.. Тур операторите велат дека ќе фрлат семе на уништената трева, тоа не е стадион, не е таква трева. Ние таа приказна ја завршиме нема повеќе возење ратраци во вакви услови, и самите компании признаа дека направиле штета“, изјави Ибрахим Дехари директор на НП Национален парк Шар Планина.

Оттаму велат дека во услови на поголема снежна покривка ратраците може да возат, но под строги утврдени правилеа и претходно потпишан договор помеѓу нив како установа и Тур операторите.

„Ако наврнат доволно количини на снег треба да направат договор со нас како можат да се движат со ратраците, но ќе мора и тогаш во услови на поголеми количини на снег да ги почитуваат правилата на тој евентуален потпишан договор. Значи тие ратраци ќе можат да се движат само по регистрирани патишта, но тие се гусеничари, тука има закон кој ограничува или не ограничува каде треба да се движат, тие се гусеничари кои прават и штета на самиот асфалт“, вели Дехари.

И додека надлежните ги пребројуваат штетите кои ги направиле ратраците, Шара се уште се дави во отпад и дивоградби, проблем кој засега централните и локалните власти не успеаја да го решат. Од НП Шар Планина, велат дека работаат на решавање на проблемот со дивоградбите, а се надеваат дека општинските власти ќе започнат да го собираат комуналниот смет од шарпланинските села кој е основниот извор за создавање на дивите депонии на Шара.

„Секако има 7 општини под чија територија припаѓа Шара, ни комуницираме со нив. Веруваме дека Општина Тетово со новиот инвеститор со кој има потпишано договор за собирање на смет, се надеваме дека ќе потпишат договор да го подигаат отпадот и од селата. Сега ги евидентираме и дивоградбите и на повисоките места, ги регистрираме и бачилата каде сакаме и тие да бидат вметнати за промоција на Шара. Ние сме поднеле барање за уривање на некои дивоградби на Шара, но обвинителството за тоа одлучува, тие се сепак надлежна институција“, изјави Ибрахим Дехари директор на НП Шар Планина.

Се работи за Шарпланински масив долг 80 , а широк и до 25 километри. Голем дел од ова планинско подрачје е во состав на новиот Национален парк.

Со децении без контрола и во строго заштитени подрачја, има изградено голем број дивограби и на државно земјиште.

Планинското подрачје е запоставено со децении, треба макотрпна работа да се зачува и развива паркот, но истовремено и поддршка од другите институции како и соработката со локалното население, додаваат од НП Шар Планина.

Директорот Дехари, единствен вработен во Националниот парк Шар Планина по 17 месеци ги доби првите колеги

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот