Директорот Дехари, единствен вработен во Националниот парк Шар Планина по 17 месеци ги доби првите колеги

Архива: Слободен печат

Националниот парк „Шар Планина“ по повеќе од една година откако е формиран, ги доби вработените, со кои практично ќе може да функционира во пракса. Вчера во Агенцијата за вработување бил пријавен еден шумарски инженер, а денес ќе биде пријавен и неговиот колега, не информираше директорот на „Националниот парк“ Ибрахим Дехари, кој раководи со ова претпријатие од неговото основање, кој до вчера беше единствениот на платниот список на новиот „Национален парк“.

Сега вели тој, со шумарските инжинери етапно ќе се започне да се решава проблемот кои го имаа мештаните од шарпланинските села, на кои немаше кој да им даде дозвола за сеча на приватната шума. Сите селани кои имаат приватен шумски атар и соодветна документација, можат да се обратат кај шумарските инженери.

„ Документацијата ни е подготовена, сега само шумарските инженери можат да потпишат документ и да даваат дозвола за дрвна маса. Уште вчера започнаа да се обраќаат луѓето со своите барања за дрвна маса до кај нас. Сите кои имаат приватна шума слободно нека се обратат, нашите канцеларии ни со во објектот на поранешната Жичара „Тетово – Попова Шапка“ во тетовската населба Горна Чаршија“, изјави директорот.

Мештаните од шарпланинските села минатиот месец реагираа дека со прогласувњето на Шар Планина за „Национален парк“ , наместо бенефит им се ускратило правото да ги користат приватните шуми, оти претпријатието било без вработени и немало кој да им даде дозвола за сеча.

Дехари изрази уверување дека вакви и слични проблеми нема да се појавуваат, оти за оваа година одобрени се 10, а за наредната ветени се дополнитенитени 15 нови вработувања, кои ќе овозможат оптимално работење на претпријатието и админстративно и теренски.

„Во првата фаза ќе има двајца шумарски инженери кои практично, исклучувајќи ме мене, се првите вработени во Националниот парк „Шар Планина“. Овие вработувања во првата фаза се одобрени од Министерството за финансии, се работи за десет лица. Двајца шумарски инженери, правник, ИТ сектор и ренџери ќе има. Оваа бројка е е одобрена за оваа година, од 2023 очекуваме уште одобрувања за вработувања и тоа 10 редовни и 5 вработувања со договор. И таму ќе има различни профили, но повеќе би биле ренџери. Се на се, до наредната година би имале 25 вработени, тоа би била добра бројка, за да функционираме елементарно, изјави директорот Дехари.

Од Националнот парк Шар Планина додадоа дека приватната шума во строгите заштитени подрачја на Шара, мештаните ќе немаат право да ја сечат, но државата како компензација има обврска да им обезбеди дрвна маса од друго место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот