Новоформираната музичка група „Од пр’ва“ ќе одржи концерт во „Лабораториум“
Првиот концерт на новиот рок-фузија состав на македонската сцена ќе се одржи на 28 април, од 20 часот, во „Лабораториум“ во Скопје.
Препорачано
Составот „Од пр’ва“ е проект кој ја слави музичката хемија и креативната слобода на тројца врвни професионалци: Ѓокица Зафировски („Suns“) – гитара и вокал, Михаил Парушев – тапани и Ѓоле Максимовски – бас.
„Кога мајсторите ќе се спојат, музиката тече – од пр’ва!“ – е слоган со кој се формираше составот и со кој се најавува нивниот прв концерт.
Публиката треба да очекува моќна рок-фузија проткаена со препознатливиот авторски печат на Зафировски. Ова е музика која се раѓа во моментот, со прецизност и енергија која се чувствува само кога се свири искрено и „од пр’ва“.
Вечерта ќе биде заокружена со новото видување на материјалот од албумот „Вселена“, како и неколку култни хитови од ерата на „Санс“ (Suns). Панк-рок и гранџ-енергијата од младоста сега добиваат сосема нов облик, филтрирани низ зрелата музичка хемија која бендот ја изгради на пробите специјално за овој настан во „Лабораториум“.
Како предгрупа ќе настапи Илија Димитровски – акустично, млад рокер со свеж пристап.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
12мин
-
16мин
-
22мин
-
24мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


