штедење
foto> pexels

Ново истражување: Штедете пари ако сакате да имате поквалитетен сон

Заштедата на пари може да го подобри квалитетот на сонот, сугерира новото истражување. Значајно е да се напомене дека не треба да имате ризница полна со пари и богатства, доволни се и малите суми одвоени на страна, пишува „Би-би-си“.

Чувањето пари, без разлика колку е мало, им помогнало на учесниците во истражувањето да се опуштат и да се чувствуваат пооптимистично за својата иднина.

Академиците од Универзитетот во Бристол исто така открија дека клучот е во редовното штедење, а не во количината на сумата.

Добра илустрација за ова е дека оние со пониски примања кои издвоиле пари за „црни“ денови забележале слично ниво на задоволство како побогатите луѓе кои не штеделе на страна.

Заштедата на пари стана особено тешка во изминатите неколку години поради скокот на цените на храната и на сметките.

Британските експерти велат дека штедењето пари го зголемува нивото на животно задоволство бидејќи луѓето кои издвојуваат пари се чувствуваат помалку вознемирени, помала е веројатноста да влезат во проблеми со долгови и подобро се подготвени да се справат со неочекувани настани и трошоци.

Истражувањето опфатило податоци од неколку различни студии, вклучително и она што ги следело заштедите на илјадници луѓе во период од десет години.

Она што тие исто така открија е дека не само што штедењето го зголемува животното задоволство, туку дека нештедењето има негативно влијание и ја зголемува анксиозноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот