Новиот хорор филм од франшизата „Halloween“ ќе ве остави без спиење!

Instagram

Еден од сценаристите на филмот „Halloween Kills“, Скот Тимс, изјави за јавноста дека публиката може да очекува вистинско хорор „уживање“, известува radiotimes.com.

Снимањето на филмот заврши кон крајот на минатата година, а сценаристот откри дека дури неодамна ја видел недовршената верзија и бил пресреќен кога видел како се дополнува оргиналното остварување.

„Навистина не можам да кажам ништо во врска со филмот, но сум многу возбуден“, изјави тој.

„Видов груба верзија пред неколку недели и малку сум пристрасен. Мојот инстинкт ми вели дека луѓето на кои им се допадна последното продолжение, ќе бидат многу возбудени. Новиот филм од франшизата „Halloween“ е како првиот на стероиди“, се пошегува тој.

Потсетуваме дека во филмот, освен главната актерка Џејми Ли Кртис, повторно ќе глумат и Кајл Ричардс, Џуди Грир и Енди Матичак во ново-старите улоги.

„Halloween Kills“ во кината треба да дојде кон крајот на ноември оваа година.

Новиот филм и продолжеток на „Halloween Ends“ требаше да започне да се снима ова лето, но поради пандемијата роковите најверојатно ќе бидат поместени.

Овие два филма треба „да ги вратат сите ликови кои беа поврзани со случувањата во 1978 година“.

Најавено е и дека режисерот Давид Гордон Грин „ќе ја заврши трилогијата на „Halloween“ на сензационален начин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот