Нови застрашувачки детали за смртта на Диего Марадона!

Фото: EPA-EFE/WALTER BIERI

Смртта на Диего Армандо Марадона сè уште е една од главните теми во Аргентина, бидејќи истрагата и натаму трае во насока на лекарите кои го лекувале легендарниот Ел Пибе.

Станува збор за неврохирургот Леополдо Луке и психијатарот Агустина Косачов, обвинети за несовесно лекување на Марадона во последните денови од неговиот живот, а чиј транскрипт од разговорот беше јавно објавен од порталот „Инфобае“.

Разговор кој се одвивал буквално во последните минути од животот на Марадона, а чија автентичност, иако има одредени „дупки“, беше потврдена од медиумите во Аргентина.

– Да, се чини дека има срцев удар, дебелиот умира..Немаме идеја што по ѓаволите направи, јас сум на пат, доаѓам – се зборовите на Луке.

Агустина потоа му испрати текстуални и говорни пораки на Луке, од кои една гласеше:

– Во овој момент тој е во собата за итни случаи со тимот, го оживуваат, но немаат големи шанси. Амбулантата доцнеше 10 или 15 минути!

Повторно се слуша Луке:

– Влеговме во собата, а Диего беше ладен, многу ладен. Се обидовме да го оживееме и да ја подигнеме температурата, но не успеавме. Излегов од собата, тие не ми кажуваат ништо и затоа заминав.

– Тоа е тоа. Агустина, тоа е она што моравме да го направиме. Семејството беше свесно за сè, разговаравме. Некои пациенти се многу тешки. Само кажете ми каде одат тие да ги следам доколку тој случајно преживее.

Така, уште повеќе се зголемија приказните дека Марадона бил многу болен и дека по операцијата морал да биде во болница, а не на домашно лекување.

Личниот лекар на Марадона ги фалсификувал потписите на медицинските документи!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот