Нови правила во Мој ДДВ – проектот се прилагодува на Ковид-19

Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена, односно ќе се доделуваат по 15 награди од по 20.000 денари наместо 100.000 денари, информираше Ангеловска.

Министерката за финансии денеска на својот официјален Фејсбук профил објави дека наградната игра „Мој ДДВ“ се прилагодува на Ковид-19 состојбата и во наредниот период наместо досегашните дневни награди од 1.000, 2.000 и 3.000 денари ќе се доделуваат поголем број дневни награди од по 1.000 денари за сите оние кои скенираат сметки и придонесуваат во борбата против сивата економија.

Министерката најави и променети износи на награди за месечните и главното извлекување.

Наместо 10 дневни награди по 1.000 денари, 2.000 денари и 3.000 денари, секој ден ќе се доделуваат по 30 награди од по 1.000 ден.

Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена, односно ќе се доделуваат по 15 награди од по 20.000 денари наместо 100.000 денари, информираше Ангеловска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот