Нови податоци на ОН: Откога се мери, 2019 е втора најтопла година во историјата

Просечната глобална температура беше за 1,1 Целзиусов степен повисока во однос на просечната температура во втората половина на 19 век, објави агенцијата на Обединетите нации (ОН) со седиште во Женева.

Минатата година беше втората најтопла од индустриската револуција до денес, зад 2016 година, објави денес Светската метеоролошка организација (WMO), а пренесе „Индекс“.

Просечната глобална температура беше за 1,1 Целзиусов степен повисока во однос на просечната температура во втората половина на 19 век, објави агенцијата на Обединетите нации (ОН) со седиште во Женева.

– Ако продолжат сегашните висини на испуштање на јаглерод диоксид, тргнуваме кон раст на температурите од три до пет степени до крајот на векот – предупреди во соопштението главниот секретар на WMO, Петери Талас.

Според Парискиот договор од 2015 година, државите ветија дека ќе го одржуваат растот на температурите под два степени во однос на прединдустриските висини. Договорот ја зацрта целта од 1,5 степени.

Освен што беше исклучително топла, 2019 година ќе се помни и по намалувањето на обемот на глечерите, рекордниот раст на нивоата на морињата и растот на температурите и киселоста на океаните, како и по екстремните временски прилики, наведува WMO.

– 2020 продолжи таму кадешто 2019 застана – со разорни временски неприлики и настани поврзани со климата – констатира Талас.

Како пример ги истакна шумските пожари во Австралија кои следуваа по 2019 , најтоплата и најсушна година во историјата на тој континент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот