Нови лоши вести за Англичаните, УЕФА отвори истрага поради инцидентите на „Вембли“

EPA-EFE/Laurence Griffiths

Европската фудбалска федерација и официјално отвори истрага против Фудбалската федерација на Англија (ФА) поради организациски пропусти пред, за време и по завршувањето на финалето на Евро 2020 на кое Италија го совлада „Гордиот Албион“ по подобро изведување на пенали.

УЕФА побара да се истражи насилното однесување на англиските навивачи за време на финалето на Евро 2020, вклучувајќи неколку стотици фанови кои влегоа на „Вембли“ без влезници. ФА се терети и за уште неколку пропусти, свирењето при интонирањето на италијанската химна, навивачот кој влезе на теренот и го прекина натпреварот, фрлање на предмети и пиротехнички средства на теренот. УЕФА при вакви прекршоци покрај вообичаената парична казна, можно е делумно или целосно да го затвори стадионот за навивачи кога ќе игра англиската репрезентација и тоа на неколку натпревари.

На финалето на „Вембли“ присуствуваа 67.000 навивачи, од кои повеќе од 60.000 беа Англичани. УЕФА веќе ја казни ФА со 30.000 евра поради инцидентите кои ги предизвикаа англиските навивачи на полуфиналето против Данска кога исто така ја исвиркуваа химната на противникот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот