Нови лица во Загреб и во Сплит

Најголемите градови во Хрватска, Загреб и Сплит, свртеа лево: Томислав Томашевиќ и Ивица Пуљак беа избрани за градоначалници во Загреб и на Сплит. ХДЗ, пак, се прогласува за севкупен победник на локалните избори.

Според податоците на Државната изборна комисија вчера од 21 часот по пребројаните 99,17 отсто од гласовите, кандидатот на партијата Можеме!, Томислав Томашевиќ, со 65,29 насто гласови од граѓаните во вториот круг на локалните избори е избран за нов градоначалник на Загреб. Тој, по речиси 20 години владеење на неодамна починатиот загребски градоначалник Милан Бандиќ, ќе го преземе кормилото на хрватската престолнина, објави Дојче веле.

Кандидатот на зелените и левата опција вети дека како градоначалник ќе се бори против корупцијата во Загреб. „Им благодарам на сите Загрепчани и Загрепчанки кои ни ја дадоа довербата и ќе дадеме сѐ од себе тоа да го оправдаме“, рече Томашевиќ.

За противкандидатот Мирослав Шкоро од десно-популистичкото Татковинско движење гласаа 34,71 отсто од жителите на Загреб. Шкоро ги повика сите да му честитаат на Томислав Томашевиќ.

Во Сплит кандидатот на партијата Центар, Ивица Пуљак, со 59,82 насто од гласовите е избран за градоначалник. Кандидатот на партијата ХДЗ, Вице Михановиќ, освои 40,87 отсто.Во Риека победата ја однесе кандидатот на партијата СДП, Марко Филиповиќ, а во Осјек кандидатот на ХДЗ, Иван Радиќ, како и во Задар каде за ХДЗ победи Бранко Дукиќ.

Партијата ИДС го загуби местото градоначалник во Пазин, а веројатно и во Пула. Претседателот на владејачката партија на државно ниво ХДЗ, Андреј Пленковиќ, заклучи дека ХДЗ е победик на овие локални избори во Хрватска. „Сакам навистина да го искажам единствениот став на целото водство, а тоа е дека ХДЗ е апсолутен, колосален победник на овие избори, победивме во 15 од 20 жупании, што никогаш не се случило“, рече Пленковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот