Нови детали и фотографии од бродот Москва – Гордоста на руската морнарица пред да потоне

Рускиот воен брод „Москва“ / Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

На социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од оштетениот крстосувач „Москва“ пред да потоне. Иако никаде не е потврдено дека на фотографиите е „Москва“, експертите велат дека нема премногу сомнежи.

– Се чини дека ова е автентична фотографија на бродот „Москва“ откако беше погоден од украинска ракета“, напиша на Твитер Роб Ли од Кралскиот колеџ за одбрана.

На Твитер профилот OSINTtechnical, каде прв пат беше објавена фотографијата, пишува: „Не можеме да ја потврдиме автентичноста, но постојат многу руски бродови од таа класа што завршија во пламен…“.

Инаку крстосувачот „Москва“ потона минатата недела во Црното Море. Во недостаток на официјални информации и околности под кои потона крстосувачот „Москва“ долг 186 метри, како и точното време кога се случил пожарот една од причините поради кои бродот потона, во јавноста се лиферуваат повеќе информации како се случил настанот.

Од она што засега е познато е дека имало експлозија и пожар на бродот на кој имало околу 500 морнари, но руската и украинската верзија на овој настан изминативе денови драматично се разликуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот