Мајка на морнар од „Москва“: Бродот го погодиле три ракети од Украина, 40 морнари загинаа
Во ракетен напад на рускиот воен брод „Москва“ во Црното Море загинаа околу 40 морнари, неколку исчезнаа, а многу други беа ранети, објави независниот руски весник „Новаја газета Европа“, цитирајќи ја мајката на морнарот за кој се верува дека бил на бродот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Мајката за „Газета“ изјавила дека нејзиниот син во телефонски разговор и рекол дека „Москва“, командниот брод на руската морнарица на Црното Море, бил погоден од три проектили кои пристигнале од копното, од украинска територија.
„Во експлозиите многумина останаа без екстремитети, тоа беше застрашувачко.
“Ми се јави и плачеше поради тоа што го виде. Вели дека е страшно”, рекла таа и додала дека била исплашена и затоа што морал да чека да му истече воениот рок.
The Russian warship Moskva is the new Titanic. It didnt get hit by an iceberg, but instead by Ukranian missiles where a fire resulted in the ship sinking. This a huge victory for #Ukraine since this was the flagship of the Russian fleet in the Black Sea. #Zelensky #Maddow #Moskva pic.twitter.com/hmMRoWz27R
— Dan "I Stand With Ukraine" P (@ddanpereira) April 15, 2022
Тој рече дека нема да ѝ ги каже деталите за тоа што го видел, бидејќи било страшно, додавајќи дека многу ранети останале без екстремитети во експлозиите. „Новаја Газета“ не го објави името на морнарот и неговата мајка за да ги заштити.
Но, „Новаја Газета“ вели дека виделе документи кои ја докажуваат веродостојноста на тврдењето дека тој служел на „Москва“. Руското Министерство се уште не соопштува ништо за жртвите на воениот брод Москва. Претходно, Радио Слободна Европа ја потврди смртта на морнарот Иван Вахрушев.
Руското Министерство за одбрана објави снимка, велејќи дека на неа се гледаат морнари од „Москва“
Вчера Министерството за одбрана објави видео за кое тврди дека прикажува морнари од „Москва“ и командантот на руската морнарица во Севастопол. Официјална Москва го толкува потонувањето на командниот брод како резултат на експлозиите што избувнаа поради пожар и невремето. Украина, од друга страна, тврди дека ја погодила Москва со два противбродски ракети од типот Нептун.
First footage of the rescued Moskva crew in Sevastopol. No information yet regarding casualties pic.twitter.com/OSSOVHHNg2
— Pjotr Sauer (@PjotrSauer) April 16, 2022
„Новаја Газета Европа“ беше лансирана претходно во април за да се заобиколи нападот на Русија врз медиумските слободи во земјата. Руската верзија на „Новаја Газета“ ги прекина своите активности во март откако доби две предупредувања од државниот регулатор поради извештаите за руска инвазија на Украина.


